Програма за обука за Истражување и застапување базирано на докази во Република Северна Македонија

EU TACSO 3 организира on-line обука наменета за граѓански организации од Република Северна Македонија.  Обуката опфаќа два модула  кои ќе бидат  спроведени кон крајот на октомври и почетокот на декември 2020.  Обуката има за цел да ги зајакне граѓанските организации кои имаат основно до просечно искуство во истражувања и застапување, за да земат активно учество во процесите на креирање политики на национално ниво во пресрет на очекуваниот почеток на преговорите со Европската Унија. Оваа програма за обука е наменета за граѓански организации кои имаат тематска експертиза во области како што се владеење на правото, антидискриминација, човекови права, родови прашања, земјоделство и други.

Првиот дводневен модул од обуката ќе се реализира на 28 – 29 октомври 2020 г. и ќе ги опфати следниве теми:

  • Вовед во дизајн и спроведување на истражувања;
  • Дефинирање истражувачки проблем и цели;
  • Квантитативни и квалитативни методи на истражување;
  • Дизајн и спроведување анкети;
  • Развивање план за истражувањето;
  • Собирања, анализи и интерпретација на податоци.

Вториот дводневен модул од обуката е планиран за почетокот на декември и ќе ги опфати следниве теми:

  • Употреба на податоците и доказите од истражувањето во процеси на застапување вклучувајќи и можности во преговарачката рамка за Република Северна Македонија, како и примери од други земји;
  • Вовед во ефективни документи за политики;
  • Структура и содржина на различни документи за политики;
  • Комуникација на предлози за политики;
  • Вмрежување со цел застапување.

Краен рок за поднесување на апликацијата: Четврток, 22 октомври 2020 г. до 17:00ч.

 

Претставник
Граѓанско општество се однесува на сите форми на социјална акција спроведена од индивидуалци или групи кои ниту се поврзани, ниту управувани од државата (EUR-Lex Glossary: https://eur-lex.europa.eu/summary/glossary/civil_society_organisation.html)
Организација – помогнете ни да ве запознаеме подобро!
Граѓанска организација: Граѓанско општество се однесува на сите форми на социјална акција спроведена од индивидуалци или групи кои ниту се поврзани, ниту управувани од државата (EUR-Lex Glossary: https://eur-lex.europa.eu/summary/glossary/civil_society_organisation.html)