Формулар за регистрација за консултации на ЕУ со граѓанското општество: ПЛАН ЗА РОДОВА АКЦИЈА III НА ЕУ (GENDER ACTION PLAN III) И НАЦИОНАЛЕН ПЛАН ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

Делегацијата на Европската Унија во Скопје во соработка со Реактор - Истражување во акција, и техничка поддршка од Проектот за техничка поддршка на граѓанските организации во Западен Балкан и Турција ( EU TACSO 3), Ве покануваат на онлајн консултација на тема: „План за родова акција III на ЕУ (Gender Action Plan III или ГАП III) и национален план за имплементација “, која ќе се одржи на 22 јуни, (вторник) со почеток во 15.00 часот, на платформата Зум.

ГАП III (Gender Action Plan III) е клучен документ за промовирање на родовата еднаквост во надворешните активности на ЕУ (за периодот 2021-2025 година) и го приоретизира унапредувањето на родовата еднаквост во сите надворешни политики и активности. Овој документ нуди насоки за подобрување на родовите аспекти во работењето на сите чинители во општеството и ги повикува институциите да бидат први што ќе го направат тоа и да служат за пример, транспарентно истакнувајќи ги резултатите од нивното усогласување со ГАП III. Дополнително, планот за имплементација на национално ниво се изготвува од страна на Делегацијата на ЕУ со цел да ја насочува имплементацијата на ГАП III. Овој план кој треба да биде финализиран до крајот на месец јули, 2021 се заснова на однапред изработен родов профил на земјата и, по потреба, дополнителни родови анализи што ги идентификуваат клучните прашања од интерес, како и на сеопфатен процес на консултации со сите релевантни чинители во земјата, вклучително и граѓанското општество, а дополнително, каде што е можно, се усогласува и со националните политики и приоритети.

Оваа онлајн консултација во времетраење од 90-120 минути, има за цел на кратко да ги воведе присутните во содржината на ГАП III, неговата директна поврзаност со ИПА III и Националниот план за имплементација и да обезбеди конкретни информации за ставовите на граѓанските организации во однос на следните прашања:

  • Кои родови нееднаквости што постојат во Северна Македонија, поврзани со целите на ГАП III, се клучни за земање предвид, односно кои треба да бидат приоритетите на ЕУ во адресирање на родовите прашања во земјата?
  • Кои можности постојат за вклучување на граѓанското општество во имплементацијата на ГАП III, вклучително и во планирањето, имплементацијата, мониторингот и евалуацијата на програмите поврзани со ГАП III?
  • Во кои области им е потребна најголема поддршка на женските граѓански организации и организациите кои се фокусираат на унапредување на родовата еднаквост?

Во рамки на оваа консултација, граѓанските организации треба да дадат свој инпут за приоритетите што треба да се изберат за нашата земја, во однос на тематските целини во ГАП III и во рамки на конкретната област во која делуваат. На консултацијата ќе присуствуваат претставници од Делегацијата на ЕУ во Скопје и претставници на граѓански организации од земјата. Целосната агенда ќе Ви ја доставиме откако ќе заврши процесот на пријавување, заедно со линкот за одржување на настанот. 

Ве молиме да го потврдите вашето присуство најдоцна до 18 јуни, 2021 година .

..............................................................................................................................................................................................................

Оваа консултација е организирана од Делегацијата на Европската Унија, во соработка со  Реактор – Истражување во акција како дополнителна активност во рамки на регионалниот проект „Унапредување на родовата еднаквост во  процесот на пристапување во ЕУ“, финансиран од Европската Унија, кофинансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка, имплементиран од 6 партнерски организации во регионот: Реактор – истражување во акција (Северна Македонија), Косовска женска мрежа (Косово), Квина тил Квина (канцеларија во Скопје, Северна Македонија), АВЕН (Албанија), Права за сите (Босна и Херцеговина) и Центар за женски права (Црна Гора).

Representative - Help Us Know You Better!
Civil Society Organisation: Civil society refers to all forms of social action carried out by individuals or groups who are neither connected to, nor managed by, the State (EUR-Lex Glossary: https://eur-lex.europa.eu/summary/glossary/civil_society_organisation.html)
Organization - Help Us Know You Better!
Civil Society Organisation: Civil society refers to all forms of social action carried out by individuals or groups who are neither connected to, nor managed by, the State (EUR-Lex Glossary: https://eur-lex.europa.eu/summary/glossary/civil_society_organisation.html)